Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ванчо Каргов: Локалното царинење има доста бенефиции и дава позитивни резултати

Ванчо Каргов: Локалното царинење има доста бенефиции и дава позитивни резултати

Струмичките бизнисмени ги информираше првиот човек на царинската управа Ванчо Каргов дека локалното царинење има доста бенефиции.

Во организација на Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ, СИЗ Македонија сообраќај денеска во Струмица се одржа работна средба на која со стопанствениците од овој регион беа разгледани ефектите од поедноставената царинска постапка, а се расправаше и за поволностите што се нудат со е-царина и ТИР-ЕПД.

Како што истакна директорот на Царинската управа Ванчо Каргов почетните сознанија од примената на поедноставената или т.н. локално царинење се повеќе од охрабрувачки и ги даваат позитивните резултати, но се уште има одредени мали аномалии и недостатоци, кои треба да се надминат.

„Примената на поедноставената царинска постапка или т.н. локална царина ги дава првичните позитивни резултати. Близу 30 проценти од извозот од Македонија се врши на лице место во фирмата извозник. Нешто помал или 20 проценти од увозот се врши, исто така, со оваа скратена постапка. На овој начин се избегнува оптеретеноста на царинските терминали, нема шпедитерски услуги, ниту банкарски гаранции, со што се поедноставува, скратува, а со тоа и поевтинува целата постапка.Тоа не значи дека со ова завршуваат сите наши надлежности, напротив, во рамките на нашите контроли ние ги следиме и извозот и увозот, нагласи Каргов.

Тој најави и реформи во рамките на инспекцискиот систем, односно оперативно поврзување и консолидација на инспекциите, со што ќе се избегнат трошоците и мултиплицирањето на инспекциските надзори.

Слично

Поврзани вести