Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис Фаци 2012, Ванчо Чифлиганец: како Дедо Стефан му помогна на радовишкиот бизнисмен?

Бизнис Фаци 2012, Ванчо Чифлиганец: како Дедо Стефан му помогна на радовишкиот бизнисмен?
Изминатата година беше јубилејна за Ванчо Чифлиганец, сопственик и фронтмен на компанијата Адора Инженеринг. Годината ја започна со нови градежни проекти, а на крајот од 2012 година ги прослави 10-години од работата на градежната компанија. Во период кога растеа трошоците во градежништвото, не застана со изградбата на петте нови елитни станбено-деловени комплекси во скопската населба Ново Лисиче. Годината ја заврши со уште една најава за изградба на станбено- деловен комплекс во општината Центар. Елитниот комплекс ќе се вика “Порта Скопје”, а во него Чифлиганец ќе инвестира околу 80 милиони евра. А како награда за сработеното во текот на 2012 година, „Адора инженеринг“, ја доби светската награда за најдобро претпријатие од градежништвото, а Чифлиганец за најдобар менаџер од Македонија во 2012 година. - Наградата е потвдра за „Адора инженеринг“ дека работи по светските стандарди, а за Македонија дека единствено вистинските вредности, кои ги препознава и признава светот, може да не афирмираат и да не однесат во семејството на ЕУ, што е приоритет на Македонија и македонскиот народ- изјави Чифлиганец. Очигледно позицијата на нов кум за христијанскиот празник Водици во Охрид, што ја презема на почетокот на година, му донесе среќа на Ванчо Чифлиганец, па со остварен приход од 25 милиони долари, не само што влезе меѓу 20-те најуспешни компании во земјава, туку и меѓу првите пет најбрзо растечки компании. Тој самиот ќе рече дека голем удел во духовноста на неговите битки низ животот има поглаварот Дедо Стефан со кого во Белград во студентските денови заедно делеле и добро и лошо. - После секоја дружба со Дедо Стефан утредента ги положував испитите од прва, вели Чифлиганец симболично оцртувајќи ја неговата улога на божји пратеник. Новата година му ја честитаме со песната: http://www.youtube.com/watch?v=gTDjYgpYjYI
Слично

Поврзани вести