Ванчо Чифлиганец, сопственик на „Адора Инженеринг“ избран за филантроп на годината во Македонија
Наградата за индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија, што традиционално ја доделува Центарот за институционален развој - ЦИРа ја доби сопственикот и генерален директор на градежната компанија Адора Инженеринг, Ванчо Чифлиганец. Тој вели дека наградата претставува сатисфакција и вистинска потврда за неговите долгогодишни ангажирања како поединец и преку неговата компанија, на полето на општествената одговорност, грижата за другите, хуманоста и помагањето на пошироката заедница. Чифлиганец, во интервју за Фактор, најавува и формирање на фондација, преку која ќе им помага на младите луѓе од сиромашни средини, на кои им се потребни средства за да ги остварат своите соништа и да се обидат да успеат во животот.
Фактор: Добивте награда за филантропија. Од каде инспирацијата за филантропски активности кои подразбираат грижа за останатите, грижа за другиот човек?
В.Чифлиганец: Денеска сум добитник на наградата „филантроп на годината“. Мислам дека тоа е чест и голема обврска. Јас морам да кажам дека благодарение на оваа заедница и овие добронамерни, благочестиви луѓе кои ме опкружувале, јас сум тоа што сум денес. Без заедницата, без луѓето немало тоа да бидам, затоа што потекнувам од сиромашно земјоделско работничко семејство. Се сеќавам на првите моменти, кога луѓето ми помагаа, кога заедницата ми помагаше со стипендирање и при се она што сум го постигнал.
Филантроп не се станува, душата не се менува со читање на книги. Тоа треба човек да го почувствува, да му е во крвта, во генот вродено. Јас реков - многу сум добил од оваа заедница и можеби требаше да поминат пет децении за човек нешто да создаде, оние вредности што ги има и не да дава, туку она што го има да го сподели со другите во границите на можностите. Филантропијата не е давање, туку споделување заедно со луѓето што немаат и тоа она што е создадено со помош на заедницата, со помош на луѓето.
Фактор: Ова не Ви е прва награда за филантропија?
В.Чифлиганец: Јас сум добил многу награди и признанија за стручност, наука, градежништво, спорт, но оваа награда ми е особено драга. Ние повеќе години ја добиваме, бидејќи шест години ја помагаме заедницата и сме општествено одговорна компанија и сме општествено одговорни кон нашата заедница. Ова е веќе петта награда што ја добиваме, но за првпат е индивидуална награда за 2013-та година како филантроп што ја добивам јас лично. И мислам дека многу емотивно ме допре тоа, затоа што ова што го правиме, не го правиме за признанија и награди. Ние тоа го правиме и се однесуваме така за да помогнеме на луѓето. А кога заедницата тоа го препознава, уште поголем е поттикот и среќата.
Фактор: За продолжување на своите филантропски активности најавивте дека до крајот на годината ќе основате и фондација. Како ќе се развива таа фондација и која ќе и биде намената?
В.Чифлиганец: Фондацијата ќе биде за стипендирање на талентирани, млади и сиромашни деца, кои немаат услови за школување. Ќе им помагаме со парична помош, а можеби јас и лично ќе се ангажирам и ќе им одржам едно предавање за тоа како може во животот да се успее.
Едно е да веруваш во Бога, како што сите веруваме, но човек во животот треба и да се испоти, да се посвети на работа, работа и само работа. На тој начин само работата на крајот може да вроди со плод. Значи тоа во почетокот ќе биде скромна фондација, но како што поминува времето се надевам дека ќе се развива. Ќе работиме на повеќе полиња. Во секој случај тоа ќе биде фондација преку која ќе се споделуваат средства со оние што немаат доволно средства. А јас верувам дека сите тие луѓе ќе успеат во животот.
Фактор: Последните неколку години беа тешки и кризни за бизнисот. Колку во такви услови е лесно или тешко да се обезбедат средства за човек паралелно да биде и хуман?
В.Чифлиганец: Лично за мене зборувам и за мојата компанија - ако не беше заедницата, ако не беа добрите и благочестиви луѓе, немаше да бидам ова што сум. Кога веруваш во себе, кога работиш и кога си посветен, тогаш и заедницата е со тебе, луѓето се со тебе, па јас би рекол дека има и некоја среќна ѕвезда што не следи. Што се однесува до кризата, еве во бизнисот што го работам, можеби тогаш беше шансата да се успее. Јас бизнисот го чувствувам како еден натпревар, како еден спортски натпревар. Кога сите се заморени ти треба да ја употребиш сопствената енергија во тој момент за да можеш да успееш. Мислам дека луѓе кои имаат визија, кои имаат енергија, посветеност и добронамерност, искреност и чесност и кои сакаат целосно да се вградат, да се посветат и жртвуваат, можат да успеат.
Така, тоа е мојот пример за овие 38 години работен стаж, еве скоро Нова година, живот шест децении, но се сметам себе си за човек кој се што помислил, успеал да го оствари. Се што сум сонувал и фантазирал во еден бурен живот сум го остварил. Значи се сметам себе си за еден исполнет човек. Но, соновите не можат да се остварат без работа и верба во себе. Верувајте дека преку ноќ успесите не се остваруваат. Можеби требаше да поминат децении, па дури тогаш да се почувствуваат плодовите и бенефитот од она што го работиш. Таков е примерот со мене. Преку ноќ успешност, бизнисмен и филантроп не може да се биде. Потребна е само работа и ништо повеќе.

Слично