ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Иранската валута риал повторно падна на ново рекордно ниско ниво од 1,3 милиони риали за еден американски долар.
Брзата девалвација ја поттикнува инфлацијата, зголемувајќи ги цените на храната и другите неопходни производи, тренд што може да се влоши со зголемувањето на цената на бензинот воведено во последните денови.
Падот на ријалот доаѓа во време кога се чини дека напорите за оживување на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за нуклеарната програма на Иран се во застој, додека неизвесноста сè уште постои поради ризикот од обновен конфликт меѓу Иран и Израел.
Иранската економија е под меѓународни санкции со години, особено откако американскиот претседател Доналд Трамп еднострано го повлече Вашингтон од нуклеарниот договор на Техеран со светските сили во 2018 година.
Тој договор беше потпишан во 2015 година и ги ограничи резервите на ураниум на Иран во замена за олеснување на санкциите, кога еден долар вредеше околу 32.000 риали.
Откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари, неговата администрација ја обнови кампањата „максимален притисок“, проширувајќи ги санкциите насочени кон финансискиот сектор и извозот на енергија на Иран.
Дополнителен притисок следеше кон крајот на септември, кога Обединетите нации повторно воведоа санкции врз Иран поврзани со неговата нуклеарна програма.
Овие мерки повторно ги замрзнаа иранските средства во странство и ги суспендираа трансакциите со оружје со Техеран.
foto iranchamber.com
