Економија, финансии, бизнис

Контакт

Валута од соседството стана втора најдобра во светот

Валута од соседството стана втора најдобра во светот

Според Блумберг, српскиот динар е валута која е втора најдобра во светот за период од 12 месеци. 

Се наведува дека Народната банка на Србија трети пат за седум месеци ги намалува каматните стапки. 

Блумберг пренесува дека оваа валута е втора најдобра во светот за 12 месеци, а минатиот месец ја имаше највисоката вредност во однос на еврото и тоа е по период од три години. 

Се оценува дека Народната банка на Србија со своите потези ќе им даде оптимизам на инвеститорите. 

Блумберг наведува и дека во време кога остатокот од Европа се врти кон поостри монетарни политики, Србија не оди во таа насока. 

Минатиот месец инфлацијата успори на 1.5%, и тоа е помалку од декември или минимум за 15 месеци. 

Слично

Поврзани вести