Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Валканите пари“ во Хрватска се од домашно потекло, заклучи Советот на Европа

„Валканите пари“ во Хрватска се од домашно потекло, заклучи Советот на Европа
Зголемување на бројот на пресуди и конфискација на имот, бара Советот на Европа од Хрватска како доказ дека земјата е сериозна во борбата против перењето пари. Комитетот „Моневал“, експертска група на Советот на Европа, заклучил дека хрватското законодавство против перењето пари и против финансирањето на тероризмот е во согласност со главните меѓународни и европски норми, но дека има потреба од подобрување во некои области. Главните извори на „валканите“ пари во Хрватска се злоупотребата на власта, даночните затајување и трговијата со наркотици, заклучува „Моневал“. Слабиот број на пресуди предизвикува загриженост кај експертите од Стразбур за ефикасноста на законските мерки во оваа област. Затоа тие најавуваат дека ќе ги следат состојбите во земјата, а новите препораки ќе ги објават догодина.  
Слично

Поврзани вести