Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Валкани мали тајни на биткоин“: Која дигитална валута каков успех има

„Валкани мали тајни на биткоин“: Која дигитална валута каков успех има

Биткоинот се искачи за скоро 1.000 проценти во последните 12 месеци, но треба да се знае дека беше надмудрен од втората највредна криптовалута етериум.

Цената на биткоинот се зголеми од под 10.000 долари лани, до околу 60.000 долари сега, додека етереумот додаде 1.200 проценти, искачувајќи се од нешто повеќе од 100 долари по етер на скоро 2.000 долари.

Сепак, и покрај неодамнешниот успех на биткоин, некои стравуваат дека дигиталните валути на централната банка може да бидат „криптонит“ за биткоин и слични криптовалути.

„Биткоинот е најозборуваната криптовалута, но етериумот има повеќе добри карактеристики, вклучително и тоа дека е пофлексибилен“, напишаа аналитичарите на Банката на Америка во извештајот оваа недела, насловен како Валкани мали тајни на Биткоин.

Инаку на дневно ниво, вчера цената на биткоинот се приближуваше до историски рекорд, но ситуацијата денес е значително поинаква бидејќи популарната криптовалута падна за повеќе од два проценти во изминатите 24 часа.

Во моментов со Биткоин се тргува околу 57.307 американски долари.


Слично

Поврзани вести