Вакво поскапување на храната во светот немало 10 години
Поскапува храната во светот. Цените на храната глобално се зголемени најмногу во последните 10 години, покажуваат податоците на Обединетите нации.
Глобалните цени на храната се зголемија за 39,7 проценти во мај, што е најголемо месечно зголемување од октомври 2010 година.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ги следи цените на различните видови храна, вклучувајќи житни култури, маслодајно семе, млечни производи, месо и шеќери. Индексот скокна на највисокото вкупно ниво од септември 2011 година. Зголемените трошоци се поради зголемената побарувачка во некои држави и застојот во производството. И во земјава дел од намирниците поскапеа.
foto freepik
Слично
