Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКВО НЕШТО НЕМАЛО ОД 1990: Германската економија трпи удари

ВАКВО НЕШТО НЕМАЛО ОД 1990: Германската економија трпи удари

Последиците од коронавирусот ќе удрат и по Германија. 

Економијата во Германија е во најлоша состојба од 1990 година. 

Бизнис расположението месецов има најголем пад од повторното обединување на земјата во 1990 година, информираше денес Институтот за економски истражувања Ifo.

Експертите имаат лоши прогнози. 

Многу земји се во карантин, фирмите се затворени, летовите откажани и тоа ќе има големи последици. 

Лани Германија успеа да се спаси од рецесија. 

Дури и германската канцеларка Ангела Меркел е во самоизолација, затоа што контактирала со заразен лекар. Сепак, и вториот нејзин тест е негативен. 

Во светот има скоро половина милион луѓе кои се новозаразени.

Италија и Шпанија се во најлоша состојба. 

Кина се опоравува иако кај нив лани се појави опасниот вирус. 

Слично

Поврзани вести