Вакцината не е виновник за смртта на новороденчињата
Откако дел од медиумите објавија дека две новороденчиња од 2 односно 4 месеци починале по прием на вакцина Дитепер во рок од два дена , со реакција се огласи и Јованка Костовска, претседател на Комисија за заразни болести која информираше дека двете новороденчиња не биле вакцинирани од вакцината.
Костовска истакна дека е формирана комисија која ќе изврши контрола кај матичниот лекар, кај тимовите за вакцинација и секаде каде што биле лекувани овие деца или биле примени пред да им биде констатирана смрт.
Се чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат од што настапила смртта.
Едното од бебињата е од Студеничани, а другото од Шутка.
Дитепер вакцина се дава, како што појасни Костовска, дури по наполнети три месеци.
