Ваков пад доларот немал четири години
На глобалните валутни пазари, доларот минатата недела падна по втор пат по ред, а во еден момент падна на најниско ниво во последните четири години во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, минатата недела падна за 0,3 проценти, на 97,14 поени.
Доларот ослабе за 0,2 проценти во однос на европската валута, при што еврото достигна 1,1850 долари. Американската валута ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 0,6 проценти, при што доларот падна на 154,75 јени.
Инвеститорите беа фокусирани на редовниот состанок на американската централна банка минатата недела, на кој претставниците на ФЕД одлучија да ги задржат каматните стапки непроменети во опсег од 3,50 до 3,75 проценти, како што очекуваше пазарот.
Индексот на доларот падна на најниските нивоа во последните четири години во средината на неделата. Американскиот претседател Доналд Трамп за слабоста на доларот, рече дека вредноста е „одлична“.foto freepik.com/jcomp
