Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКЦИНИТЕ ОД ЗАПАД ПРЕДИЗВИКУВААТ СТЕРИЛИТЕТ: Додик најави набавка на руската вакцина Спутник V

ВАКЦИНИТЕ ОД ЗАПАД ПРЕДИЗВИКУВААТ СТЕРИЛИТЕТ: Додик најави набавка на руската вакцина Спутник V

Вакцините против коронавирус развиени во западните се проблематични и предизвикуваат стерилитет, велипретседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, нагласувајќи дека тој ќе се вакцинира со руската вакцина.

- Верувам во ова, а не верувам во комерцијалните приказни што доаѓаат од Запад. Во Русија вакцината ја прави државата и ги вакцинира своите жители. Тоа значи дека треба да имате доверба. Постојат секакви шпекулации, како тие дека вакцините од Запад ќе влијаат на стерилитетот на населението и на многу други работи што не можете да ги знаете, изјави Додик за јавниот сервис РТРС.

Истовремено, Додик нагласи дека Република Српска ќе ја набави вакцината исклучиво од Русија, и покрај тоа што сеуште нема согласност од Агенцијата за лекови и медицински помагала на БиХ. Оваа негова изјава е непосредно пред посетата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој во Сараево треба да пристигне утре вечер.

ФОТО Фејсбук

Слично

Поврзани вести