Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вакцинираните Срби ќе можат да одат на спортски натпревари

Вакцинираните Срби ќе можат да одат на спортски натпревари

Српските граѓани кои ги примиле двете вакцини во Србија, може да одат на спортски натпревари и концерти. 

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави дека е време Кризниот штаб да донесе одлука оние што се ревакцинирани да можат да присуствуваат на спортски натпревари. Понатаму, се бара да им се дозволи да одат и на други манифестации.  Весиќ вели дека доколку некој е вакциниран и ја послушал својата држава, треба да му се овозможи да живее нормално, а не да ја плаќа цената за оние кои се неодговорни. 

„Секако, на стадионот, дури и ако сте повторно вакцинирани, треба да ја почитувате дистанцата и сите пропишани мерки. Што се однесува до невакцинираните, треба да се размисли да им се дозволи влез доколку донесат негативен тест на вирусот Ковид-19, стар 24 часа“, изјави Весиќ за ТВ Хепи.

Градот Белград бара строго да се контролираат постојните мерки, да не се воведуваат нови ограничувања. 

Властите во Србија најверојатно ќе донесат одлука за затворање на угостителските објекти на 10 до 15 дена како мерка која би требало да овозможи да се намали бројот на заразени кој, и покрај вакцинацијата, е висок и се движи до 4 000 луѓе дневно.

foto freepik

Слично

Поврзани вести