ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ СЕГА, СЕПТЕМВРИ ЌЕ БИДЕ ДОЦНА, ТОГАШ НАСТАПУВА ЧЕТВРТИОТ БРАН: Предупредување од професорот Огнен Кунчев
Вакцинирајте се
сега, септември ќе биде веќе доцна, апелира професорот Огнјан Кунчев од
Бугарската Академија на науките при неговото гостување во студиот на БНТ.
„Ние сме ориентален тип на општество - живееме заедно три генерации и нема шанси децата од училиште да не можат да го пренесат вирусот на нивните 40-годишни родители и 60-70-годишни баби и дедовци.
Математичарот Кунчев се осврна и на долгиот период на инкубација на вирусот, па како што вели во просек, болеста меѓу поголемиот број население е околу 6 дена, ретки се оние кои се разболуваат на 15-тиот ден, а корона вирусот трае 20-25 дена.
Во однос на карнатинот вели дека ништо не може да се постигне за 10 дена. Според него затворањето треба да биде 25 дена затворање
-Не треба воопшто да мислиме дека нема да има четврти бран, тоа може да се очекува во септември. Со оглед на тоа дека нема масовна вакцинација - моделите покажуваат дека ако 150.000 луѓе се вакцинираат месечно, ноември-декември можеме да ставиме крај на епидемијата во Бугарија. Без масовна вакцинација, долгорочната прогноза покажува дека епидемијата во нашата земја ќе заврши во јуни 2022 година.
