Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вакцинацијата на децата оспорена на Уставен!

Вакцинацијата на децата оспорена на Уставен!
Група родители бараат избор дали ќе го вакцинираат сопственото дете, а задолжителната вакцинација ја оспорија и на Уставен суд. Тие вакцините ги сметаат за штетни, а веруваат дека нивната корисност за превенција на болестите не е потврдена. „Ефикасноста не е докажана. Во исто време несаканите реакции се тешки,сериозни, неизлечиви. Тоа е еден голем медицински аргумент вакцините да станат незадолжителни“, вели Весна Бошевска-Симонова, родител и фармаколошки информатичар.

Ели Налеска, една од потписничките на иницијативата, има забелешка на однесувањето на лекарите кои вели, недоволно ги информираат граѓаните за несаканите ефекти од вакцинацијата а кои се наведени во упатствата за вакцините.

Иницијативата во нивно име ја поднесе Стамен Филипов, познат како човекот што оспорил најмногу закони пред Уставниот суд. Според него, уцена претставува условувањето на родителите да мора да го вакцинираат детето за да добијат детски додаток или да го запишат на училиште. „Ако пишува во Уставот дека секој има право сам да реши дали ќе има деца, дотолку повеќе значи дека јас решавам дали моето дете ќе го вакцинирам или не, на мој ризик како родител. Нормално, државата треба да има закон за заштита, но не да ги казнува луѓето“, додава Филипов. Од Министерството за здравство се категорични дека вакцините се безбедни, а вакцинацијата останува задолжителна. „Во Република Македонија се вакцинира од 1948 г. Првата вакцина е против туберкулоза. Од тогаш до ден денеска ви тврдам дека сме немале ниту еден смртен случај како последица на вакцинација. Цел свет вакцинира“, вели д-р Јованка Костовска од Секторот за превентивна заштита и имунизација од  Министерство за здравство. Во 15 земји од ЕУ вакцините се задолжителни, а во останатите - дел се задолжителни, дел препорачани. Кај нас годишно се вакцинираат околу 180 илјади деца против 11 болести.
Слично

Поврзани вести