Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКЦИНАЦИЈА ВО ТРИ ГРУПИ: Денес вакцини ќе примаат пратениците

ВАКЦИНАЦИЈА ВО ТРИ ГРУПИ: Денес вакцини ќе примаат пратениците

Како дел од клучната инфраструктира за имунизација се и народните избраници. Неодамна беа вакцинирани собраниските служби а денес во три групи од 10 до 18 часот вакцини ќе им се ставаат на пратениците.

Вакцинацијата на оваа категорија граѓани е важна за нормално функцинирање на Парламентот со цел носење на законите кои се клучни во ова време на пандемија.

Од друга страна, бројките на новозаразени бележат пад, но коронавирусот зема нови 39 жртви.

Новиот број на лица заразени со ковид е потврден со 2.596 тестови во претходните 24 часа, а 23,23 проценти од испитаниците биле позитивни.

Досега, 4.595 луѓе починале од коронавирус во  Македонија, дијагностицирани се 149.221, а активни се 18.392.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 641 пациент, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголемил на 126.234.


Слично

Поврзани вести