Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД НА 110 ПУНКТОВИ: До крајот на јануари во Србија пристигаат 500.000 вакцини Спутник V

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД НА 110 ПУНКТОВИ: До крајот на јануари во Србија пристигаат 500.000 вакцини Спутник V

Во Србија од денеска вакцинацијата против корона вирусот ќе се врши на повеќе од 30 локации низ целата земја, вклучувајќи ги сите клинички центри, општите болници, а на овие места ќе има над 110 пунктови за вакцинација.

Како што изјави државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, сите вакцини што досега пристигнаа во Србија ќе бидат потрошени до крајот на оваа недела.

- Следниот понеделник очекуваме нов контингент од вакцината на Фајзер, што значи дека овој месец ќе имаме околу 80 000 вакцини од Фајзер. До крајот на месецот ќе добиеме и големи количини на вакцините „Спутник V“ и кинеската вакцина, истакна тој.

Во февруари пак, како што додава Џерлек, од Фајзер ќе пристигнат во Србија уште 200.000 дози и дека ќе се стори за да се зголеми темпото на вакцинација од недела во недела со цел да се вакцинираат што повеќе луѓе.

Од почетокот на имунизацијата, на 24 декември, околу 1.300 корисници во геронтолошките центри ширум Србија ја примиле вакцината и дека само кај едно лице имало несакани ефекти.

Инаку, до крајот на јануари, како што вели Џерлек, во Србија ќе пристигнат половина милион дози од руската вакцина Спутник V. Покрај тоа, до крајот на јануари се очекуваат уште две вакцини во Србија - кинеските и вакцината што ја поризведоа Астра Зенека и Оксфорд.

Џерлек посочува дека сите вакцини ќе бидат бесплатни за граѓаните, а имунизацијата ќе биде доброволна.


Слично

Поврзани вести