Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКА МОРА ДА БИЛО НА ТИТАНИК - девојка од Швајцарија ја опиша драмата на сплавот Фристајлер

ВАКА МОРА ДА БИЛО НА ТИТАНИК - девојка од Швајцарија ја опиша драмата на сплавот Фристајлер

За Ана Т.(18) од Цирих и нејзините пријатели новогодишната забава во Србија заврши со шок. Тие биле на сплавот „Фристајлер“ во Белград, но нешто по полноќ клубот со голема брзина почнал да тоне.

Кога сплавот почна да тоне, сите почнаа да паничат, изјави за „Блиц“ Ана Т. Според неа, клубот бил полн кога десет минути по полноќ настанал хаос.

- Имаше многу Швајцарци и Срби кои живеат тука или кои се Швајцарци по потекло од Србија. Атмосферата беше одлична додека не започна паниката. На почетокот не ми беше јасно што се случува. Прво некој извикал „Нож! Нож“ и сите почнале да трчаат кон излезот. Први исчезнаа работниците во клубот - вели младата девојка од Швајцарија.

Кога сфатила дека нејзините стапала се во вода и дека објектот со голема брзина се полни со вода, сфатила дека нападот со нож не бил причината поради која луѓето почнале да бегаат од сплавот.

- Сплавот почна да тоне. Сите гледаа да се спасат и само се туркаа кон излезот. Се плашев за мојот живот и многу брзо ги загубив сите мои пријатели. Сигурно така било и на Титаник - вели младата Швајцарка.

Дури кога стигнала до брегот сфатила што се случило. Таа го виде познатиот сплав како е накривен, и половина потопен во вода.

Девојката вели дека е среќа што никој не е повреден, но додава дека и по бегството било многу трауматично за нив.

- Надвор беше премногу студено. Немавме јакни, се смрзнувавме - рекла Ана.

Да потсетиме, белградскиот сплав „Фристајлер“ за малку ќе потоне за време на новогодишната ноќ, а сите гости се безбедно евакуирани, потврдија од српското Министерство за внатрешни работи.

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ изјави дека според неговите информации причината за потонувањето на сплавот била преоптовареноста, бидејќи на него се качиле два до три пати повеќе од потребното.

Слично

Поврзани вести