Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЈГЛ ЗА ФАКТОР: Нема план “Б” Договорот од Пржино мора да се реализира – Политичките конфронтации се штетни за земјата

ВАЈГЛ ЗА ФАКТОР: Нема план “Б” Договорот од Пржино мора да се реализира – Политичките конфронтации се штетни за земјата

Eвропратеникот и известувач за Македонија, Иво Вајгл  вели дека сака да остане дистанциран од актуелните случувања во Македонија.

„Не сакам да ја коментирам сегашната политичка ситуација во Македонија, затоа што сакам како известувач во Македонија да го зачувам статусот на некој кој сака да разбере зошто доаѓа до застој во политичкиот процес, а да биде при тоа независен и дистанциран од конфронтација со македонските политичари. Тие конфронтации се штетни за земјата и имаат негативни последици за интеграција на Македонија во евроатлантски рамки“ – вели Вајгл.

Во интервју кое неодамна го дадов за МИА и македонска телевизија, нагласив дека рамката за решавање на политичките и другите проблеми останува Пржинскиот договор и дека само македонските политичари сносат одговорност за неисполнувањето на тој договор, додава Вајгл.

подготви: Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести