Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЈГЛ НА СРЕДБИ СО ПАРТИИТЕ: Ќе видиме ли светлина во политичката криза?

ВАЈГЛ НА СРЕДБИ СО ПАРТИИТЕ: Ќе видиме ли светлина во политичката криза?

Иво Вајгл известувачот за Македонија во Европскиот парламент пристигна во Скопје каде ќе има одделни средби со лидерите на политичките партии и ќе врши проценка на реализираното досега од договорот кој политичките партии го постигнаа за излез од политичката криза.

Утрово, европратеникот се сретнал со Ивон Величковски претседателот на Либералната партија на која средба се разговорало за имплементацијата на Договорот од Пржино.

Во тек е средба на Вајгл со опозицискиот лидер Зоран Заев, а во текот на денот следуваат средби со сите политички лидери кои се дел од договорот од Пржино, а најверојатно известувачот ќе се сретне и со јавната обвинителка Катица Јанева.

На средбата се очкеува да се разговара за надминувањето на тековната состојба низ призмата на аспирациите на земјата за полноправно членство во ЕУ.

Според досегашниот тек на преговорите и покрај разочарувањата во Европската заедница, Вајгл искажува задоволство од досегашните преговори но сепак ќе побара од работните групи и политичките партии да го имплементираат договорот од Пржино и да ги почитуваат роковите.

Слично

Поврзани вести