Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вајгл: Македонија сега има шанса за фер преговори за во ЕУ

Вајгл: Македонија сега има шанса за фер преговори за во ЕУ

Договорот кој го постигнаа политичките лидери со помош на европските пратеници и комесарот Хан претставува шанса за Македонија да добие фер преговори за членство во Европската Унија.

Ова е ставот на известувачот од Европскиот Парламент Иво Вајгл во врска со постигнатиот договор за крај на политичката криза во земјата.

– Со договорот што беше потпишан од страна на лидерите на четирите најголеми политички партии, а со посредство на комесарот Хан и тројцата европратеници Вајгл, Кукан и Ховит, Македонија сега има фер шанса да напредува како земја-кандидат за членство во ЕУ и конечно да започне преговори, вели Вајгл.

Тој целиот процес го оцени како ефикасен и продуктивен, а останува на Македонија да ги исполни реформите кои се очекуваат од неа доколку се стреми кон ЕУ.

Вајгл очекува опозицијата да се врати во законодавниот дом,  организација на нова влада што ќе подготвува избори што ќе се одржат на 24-ти април 2016 година и назначување на Специјален обвинител што ќе ги испита проблемите поврзани или кои произлегуваат од следењето на комуникациите што всушност е дел од договорот во Пржино кој после 12 часа жешки преговори се исплатеше.

Слично

Поврзани вести