Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вајдмен: На Грција и треба намалување на долгот

Вајдмен: На Грција и треба намалување на долгот
На Грција во иднина ќе и треба уште едно намалување на долгот, изјави денеска гувернерот на германската Бундесбанк, Јенс Вајдмен но додаде и дека отпишување на долгот засега не е во опција. „Намалување на долгот нема да ги реши проблемите на Грција, ама ќе биде неопходно за земјата повторно да добие пристап до пазарите на капитал“, изјави Вајдмен.

Инаку Грција денеска е во процес на исплаќање краткорочни државни обврзници во висина од пет милијарди евра со средства што ги собра оваа недела од друга продажба на облигации.

Соочена со недостиг на финансии поради доцнењето на следната транша од меѓународната помош, Грција мораше да собира пари на почетокот од седмицава со продажба на тримесечни и едномесечни краткорочни државни облигации, јавуваат грчките медиуми.
Слично

Поврзани вести