Вајдман: Новата грчка влада не треба да дава лажни ветувања
Шефот на централната банка на Германија Јенс Вајдман вели дека новата влада во Грција не треба да дава лажни ветувања, пренесуваат грчките медиуми.
Шефот на Бундесбанката рече дека е „јасно дека Грција и понатаму ќе зависи од подршката од програмата за помош, а таа може да опстои само ако се почитува договорот“.
Вајдман преку германската телевизија ТВ АРД ја повика идната влада на Грција „да не дава лажни ветувања кои таа земја (Грција) не може да ги поднесе“ и „ да не се сомневаат во она што досега е постигнато“.
Слично
