Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вадман: Политичарите решиле дополнително да ја финансираат Грција!

Вадман: Политичарите решиле дополнително да ја финансираат Грција!
Грција најверојатно ќе добие дополнителна меѓународна финансиска помош надвор од двата спасувачки пакети, изјави претседателот на германската централна банка Јенс Вадман за германскиот весник „Rheinische Post“. Политичарите очигледно решиле дополнително да ја финансираат Грција , коментира Вадман. Тој предупреди дека помошта ќе има смисла, само ако Грција го вложи потребниот напори и почне да штеди. Ова е многу важен сигнал не само за Грција, но и за сите засегнати од кризата земји, рече претседателот на германската централна банка. Се очекува денеска грчкиот парламент да го одобри буџетот за 2013 година, што е втор главен услов за добивање на следната транша помош во вредност од 31,5 милијарди евра од вториот спасувачки пакет кој вкупно чини130 милиони евра. Првиот услов - усвојување мерки за дополнителни заштеди во вредност од 13,9 милијарди евра за 2013 и 2014 година - беше исполнет во средата. Исплатата на идната транша пак ќе биде предмет на дополнителни дискусии од страна на министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната, кои ќе заседаваат во понеделник. Прелиминарните ставови сепак покажуваат дека на седницата нема да биде донесена конечна одлука.
Слично

Поврзани вести