Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вработените од МТСП да му се извинат на Спасов, во спротивно ќе следи тужба

Вработените од МТСП да му се извинат на Спасов, во спротивно ќе следи тужба

Министерството за труд и социјална политика реагира за отвореното писмо испратено од четворица вработени до министерoт за труд и социјална политикa, Диме Спасов.

Доколу во рок од 48 часа јавно не се извините за нанесените навреди и клевети ќе поднесеме тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пишуваат од МТСП.

Велат дека објавеното писмо изобилува со квалификации и претставува обид за политичко конфронтирање со министерот за труд и социјална политика, што не може и не смее да биде одлика на државни службеници и долгогодишни професионалци.

„Должни сме да реагираме бидејќи со наведените манипулации се  наштетува на угледот на министерот за труд и социјална политика. Не станува збор за никаков притисок или “политички терор” врз поранешните членови на кабинетот на Фросина Ременски и ова најостро го демантираме. Министерот и лицата овластени од него постапуваат согласно законските овластувања во организирање на работата на секторите и севкупно на министерството. Од тие причини сметаме дека секој државен службеник-вработен во Министерството за труд и социјална политика кој смета дека му е повредено некакво право од работните односи има право да ги искористи правните механизми во докажување на истото во законски пропишана постапка“ - наведуваат од МТСП.

Почитувањето на законските обврски и правила не може да се нарече тортура туку владеење на право, додаваат од МТСП. Според нив, законските обврски и правила мора да се почитуваат и хаосот кој смислено се правеше во министерството изминатите 6 месеци мора да заврши.

Слично

Поврзани вести