В среда нова рунда разговори за името
Посредникот во македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц за в среда закажа нова рунда разговори со преговарачите на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Средбата е своевидно изненадување, со оглед на тоа што Македонија веќе длабоко е навлезена во предизборие, а актуелната Влада е во оставка, па тешко дека може да се очекува некаков напредок во разговорите.
Според краткото соопштение од канцеларијата на Нимиц, новата рунда се објаснува како продолжение на разговорите за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за името. Вообичаено, медијаторот најпрвин ќе има одвоени, а потоа и заедничка средба со двајцата преговарачи.
Последната посета на Нимиц на Скопје беше во септември лани, кога медијаторот нагласи дека разликата меѓу Атина и Скопје е во позицијата и опсегот на употреба на географската одредница.
Пред десетина дена и портпаролот на американскиот Стејт департмент порача дека проширувањето на НАТО може да биде ставено на дневниот ред на септемврискиот самит во Британија, и ги повика Македонија и Грција до тогаш да најдат решение за името.
Слично
