В понеделник Советот на ЕУ ќе расправа за Македонија
Советот за надворешни работи на Европската Унија за 20 јуни во Луксембург, закажа седница на која ќе расправа за состојбата во Македонија.
Расправата за Македонија е главна точка на дневниот ред на седницата.
Министрите за надворешни работи на земјите членки ќе расправаат за земјава по предлог на Германија и Велика Британија. Тие треба да дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија.
Во Советот уште нема консензус за прашањето за воведување на санкции кон одредени политичари од Македонија поради политичката криза која ја создадоа. Дел од земјите бараат и поддржуваат санкции, а мал дел се противат на ваквата одлука.
Слично
