В понеделник – неработен ден за српската заедница
Понеделник, 27-ми јануари е неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.Одлуката е донесена согласно Законот за празници на Република Македонија.
На овој ден, српското население го слави празникот Свети Сава. Министерството на сите припадници на српската заедница им го честита празникот.
Слично
