Економија, финансии, бизнис

Контакт

В НЕДЕЛА: Стрелките на часовникот одат еден час напред!

В НЕДЕЛА: Стрелките на часовникот одат еден час напред!
Летното сметање на времето започнува в недела. Во 2 часот по полноќ в недела, стрелките на часовникот се поместуваат еден час напред, на 3 часот. Летното сметање на времето се врши административно пред сè заради економска заштеда на енергија, односно за што е можно подобро искористување на дневната светлина за време на подолгите летни денови. За разлика од ова, зимското сметање на времето се смета за „реално“. На него ќе се вратиме на 27 октомври во 3 часот по полноќ.

За првпат ваква промена била забележана во 1916 година во државите на северот на Европа, а сега летното сметање на времето се практикува во 70 земји во светот, но не во ист ден.

Слично

Поврзани вести