Узунов: Не слушнав збор за штедење на електрична енергија
Професорот Ванчо Узунов ја повика Владата и останатите релевантни институции да превземат мерки на штедење во услови кога се повеќе пари се одвојуваат за надминување на енергетската криза предизвикана од високите цени на електрична енергија на надворешните пазари.
- Штедењетпо не го слушнав како кампања. Не гледам дека луѓето штедат.Сосед ќе ми рече зошто да го загревам само долниот спрат, до таму ли е работата?.Треба да заочнеме порационално, ние сме држава сиромашна со енергија. Можеби еден ден кога се од сонце ќе се произведува, но тоа е далеку, вели Узунов во емисијата „Утрински брифинг“.
Тој смета дека енергетската криза е период во кој се гледа шанса да се направат структурни рефорнми во економијата.
- Не мора да се враќаме на ќумбиња, но може да се стави изолација. Од домаќинства, до дуќани и институции. Државата треба да им помогне на инфериорните на пазарот, преку субвенции или социјални давачки. На сите останати проблемот е нивни, смета Узунов.
