Узунов: Без интеграции во ЕУ и НАТО, толку од македонската економија
Професорот Ванчо Узунов, воедно и советник во Министерството за финансии, за 1ТВ денеска по потпишувањето на договорот во преспа порача дека македонската економија не може да произведува повеќе добра од она денес без интеграции во ЕУ и НАТО.
Без интеграција Македонија може максимум да произведува економски онолку колку што произведува денес. Со потпишаниот договор и понатамошните политички придобивки, бизнисмените ќе имаат друг начин на размислување и ќе сакаат да бидат први кои ќе инвестираат под нови услови. Ние работиме под притисок и тогаш остваруваме најмногу, односно кога ќе бидеме под долгогодишен процес на надворешна контрола. Малите и средните претпријатија ќе добијат најмногу извозни можности во регионот, а дефицитот во размената со другите земји ќе мора да се намалува. Она што имаме висок суфицит само со Германија, ако не го сметаме и Косово, е затоа што од една страна таму продаваме производи од евтина работна рака а од кај нив не носиме висока производствена технологија - изјави Узунов на прашањето што ќе следува на економски план по потпишувањето на договорот со Грција.
