Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ЧАСА: Попладне пак облаци и силен дожд!

УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ЧАСА: Попладне пак облаци и силен дожд!
Попладнево и во наредните неколку дена времето во Македонија повторно ќе биде нестабилно, променливо и облачно, на повеќе места со услови за силен дожд и град, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето ќе биде проследено со грмежи и засилен ветер. За денеска дождови се најавуваат во западниот дел на земјата, додека утре ќе го зафатат и источниот дел на Македонија. Минималната температура ќе се движи од 15 до 21 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне до 35 степени. Дождливо и облачно време, со засилен ветер се очекува да се задржи до петок.
Слично

Поврзани вести