Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖАС ВО ЗАГРЕБ: Родилка со компликации од корона, родила мртво бебе

УЖАС ВО ЗАГРЕБ: Родилка со компликации од корона, родила мртво бебе

Млада трудница позитивна на корона вирусот вчера била пренесена во Загреб во тешка состојба на итен царски рез, изјави за порталот е-Подравина началникот на Гинекологија Копривница, д-р Ивица Станишиќ.

„Таа беше во многу тешка состојба, што последователно влијаеше на текот на бременоста и поради тоа мораше да се породи предвреме, во 32-та недела. За жал, роди мртво бебе, а се уште е во тешка состојба“, рече Станишиќ.

Тој додаде дека годинава имале два лоши исходи поради короната, а трудниците ги зафаќаат потешки клинички слики кои се развиваат побрзо.

„Ретко имаме трудници кои се вакцинирани. И иако долго време не се знаеше, сепак истражувањата дадоа зелено светло за вакцинација на трудниците“, заклучува тој.


Слично

Поврзани вести