УЖАС ВО ПАНЧЕВО: Ја врзал партнерката за кревет, па и истурил солна киселина во очите
Основното јавно обвинителство Панчево во соработка со СВ Панчево го лиши од слобода З.К.(53) од Врање и му одреди мерка притвор во траење од 48 часа.
Тој е приведен поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела лесна телесна повреда, изложување на опасност и противправно лишување од слобода, соопшти Основното јавно обвинителство.
Според Основното јавно обвинителство, тој неколку часа ја држел врзана за кревет својата емотивна партнерка Н.С.(49) од Панчево, а потоа и истурил солна киселина во очите, поради што била олднесена во болница во Панчево, каде што и биле констатирани повреди.
З.К ќе биде приведен кај дежурниот заменик на ОЈО Панчево и сослушан како осомничен.
Извор и фото: Курир.рс
Слично
