Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖАС ВО КРАГУЕВАЦ, ЌЕРКАТА ЗАТЕКНАЛА ХОРОР СЦЕНА - куче до смрт ја искасало газдарицата која со години го чувала

УЖАС ВО КРАГУЕВАЦ, ЌЕРКАТА ЗАТЕКНАЛА ХОРОР СЦЕНА - куче до смрт ја искасало газдарицата која со години го чувала

Куче шарпланинец во улицата Сарајлија во Крагуевац денеска со каснување на вратот ја усмртило сопственичката Милоратка Веjковиќ, која имала 69 години.

Според неофицијални информации, несреќната жена ја пронашла нејзината ќерка.

Тимот на брза помош кој дошол на местото на настанот морал да ја чека полицијата за, за жал, само да ја констатира смртта, бидејќи кучето покажувало исклучителна агресија.

Се претпоставува дека трагедијата се случила во раните утрински часови.

Несреќната жена со години го хранела кучето убиец и никому не му е јасно зошто се случило ова. Соседството беше шокирано, но никој не сакаше да ја коментира несреќата.

Извор и фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести