УЖАС ВО БЕЛГРАД: Малолетниот син цела недела се хранел од телото на починатиот татко
Полицијата во
Белград, на повик, наишла на ужасни сцени во стан во населбата Глогоњски. Тие
пронашле тело на починат маж, а во станот целосно бил сам неговиот син за кој
се сомневаат дека е психички, зошто тој цела седмица преживувал хранејќи со
месото од телото на таткото.
Српските медиуми наведуваат дека во станот крв имало „на сите страни“, а во една соба на крвет лежело распарчено тело. Синот се сокрил, а кога полицијаците го пронашле бил крвав, делувал сосема изгубено и запуштено.
Според првичната истрага, момчето не умеело самото да оди ниту до продавница и кога умрел таткото, останало без храна, но не излегло од станот, па се хранело од неговото тело. Сега е итно префрлено на Инфективната клиника во Белград, каде ќе му бидат направени сите анализи и тестирања.
Неофицијално, таткото на момчето бил мртов најмалку седум дена, но се истражува како починал.
Фотографијата е преземена од Курир.рс