Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖАС ВО БЕЛГРАД, ИВАНА ЈА УБИЛ ПОЗНАНИК: Млада девојка пронајдена мртва, вратата била заклучена однадвор

УЖАС ВО БЕЛГРАД, ИВАНА ЈА УБИЛ ПОЗНАНИК: Млада девојка пронајдена мртва, вратата била заклучена однадвор

Српските медиуми ја пренесуваат трагичната вест за убиство на млада девојка на возраст од само 26 години. Иако официјално се уште нема потврда до тамошанта полиција, медиумите јавуваат дека станува збор за Ивана К. која била пронајдена мртва во изнајмен стан во Белград од страна на најзините постари браќа. 

Според „Информер“ укажување дека се работи за кривично дело покажува и тоа што вратата од станот била заклучена од надвор.

Како што пишуваат тамошните медуми, Ивана денеска околу пладне е пронајдена во стан во белградската населба без знаци на живот, во изнајмена состојба во приземје од четирикатница.

Несреќната девојка денеска околу 11.40 часот ја пронашоле нејзините браќа Небојша У.(37), и Ѓорѓе У. (32). Двајцата дошле во Белград, токму со намера да ја бараат девојката бидејќи неколку дена не му одговарала на телефонските повици на никој во семејството. Бидејќи вратата од станот била затворена, тие ја искршиле, а потоа ја нашле својата сестра на кревет без знаци на живот, со крената блуза, откопчани панталони и модринки на вратот.

Ова е причина за соговорниците на „Информер“ да посочуваат дека состојбата упатува на заклучок дека насилникот ја познавал Ивана: Тоа значи дека насилникот ја познавал Ивана, а модринките на вратот укажуваат на сомнеж дека е задавена, вели соговорник од полиција.

Пред зградата каде е пронајдено телото на Ивана К., дошла нејзината мајка, која како што пишуваат медиумите низ солзи прашувала „што ќе правам сега“, додека двајца момци, најверојатно браќата кои ја нашле, ја прегрнувале.

Ним им се придружил таткото кој се гушкал и плачел со синовите. Семејството на несреќното девојче е од Суботица, а братот Небојша живее во Панчево. Ивана К. студирала во Белград и живеела сама.

Издадена е наредба за бдукција со токсикологија за да се утврдат причините за смртта.

Фото: Принтскрин/Гугл

Слично

Поврзани вести