Економија, финансии, бизнис

Контакт

УВИД НА МЕСТОТО НА ПАДНАТИОТ АВИОН: Што најдоа досега надлежните институции?

УВИД НА МЕСТОТО НА ПАДНАТИОТ АВИОН: Што најдоа досега надлежните институции?

МВР и надлежните институции како и бројни полициски сили од раните утрински часови вршат увид на местото на вчерашната авионска несреќа во која загинаа сите шест патници во приватниот „Пајпер“ авион.

Досега надлежните пронашле два мобилни телефони, карти за патување, италијанска патна исправа, крило со една гума и метална електронска кутија.

Министерството за внатрешни работи информира дека преземените првични дејствија на терен стручната екипа формирана во текот на ноќта изутрината во шест часот се упатила кон местото на незгодата со цел продолжување на активностите во насока на обезбедување на местото на настанот, вршење на увид, и идентификација на починатите лица, со цел обезбедување докази на причините за авионската незгода и смрта на патниците.

Поради лошите теренски услови екипите пристигнале на терен во 10 часот и во 10:30 часот е започнато со обезбедување на локациите за кримтехничко одбележување на трагите.

Во моментов на терен се  Јавен обвинител, претставници од Судска медицина, истражители од Комитет за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, како и полициски службеници од Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР, ЕУМНА при СВР Скопје, УПС од СВР Скопје, Единица за насилен криминал, Одделение за крвни и сексуални деликти, потраги и ЦПС.

Прочитајте ги и овие вести:

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/09/07/avionska-nesreka-kaj-kozhle-koj-bil-franchesko-montaner/" target="blank" ] АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ КОЖЛЕ: Кој бил Франческо Монтањер?[/button]

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/09/07/terenot-na-padot-na-avionot-teshko-prooden-mvr-so-detali-za-nesrekata/" target="blank" ] Теренот на падот на авионот тешко прооден-МВР со детали за несреќата[/button]

Слично

Поврзани вести