Економија, финансии, бизнис

Контакт

УВЕЗЛЕ ТРОЈНО ПОВЕЌЕ НАФТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: За која европска земја се работи?

УВЕЗЛЕ ТРОЈНО ПОВЕЌЕ НАФТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: За која европска земја се работи?

Шпанија од Венецуела увезла речиси тројно повеќе нафта. 

Шпанија од јануари до јули увезла речиси трипати повеќе нафта од Венецуела отколку во истиот минатогодишен период, покажуваат податоците на управата за стратегиски резерви на министерството за енергетика и животна средина. Во јули Шпанија од Венецуела увезла 353.000 тони сирова нафта. Од јануари до јули увезла 1,7 милиони тони, скоро тројно повеќе отколку во истиот минатогодишен период.

Увозот во првите седум месеци ја надминал целата 2023 година, кога Венецуела на Шпанија ѝ испорачала 1,4 милиони тони нафта. Венецуела, членка на земјите извознички на нафта (ОПЕК), го зголемила извозот на нафта во првата половина од годината главно поради дозволите кои Соединетите Американски Држави ги издадоа на партнери на нејзиниот државен произведувач ПДВСА.

Слично

Поврзани вести