Увозот на струја достигнува речиси половина од домашно произведената енергија
Во текот на изминатото деноноќие надлежните институции повторно ги покриваа домашните потребите од енеригја со увоз. Во тектот на вчерашниот ден е увезена енергија речиси половина од вкупното производство на струја во земајва.
Како што соопшти владината прес служба „АД ЕСМ на 24.11.2022 година произведе 10.265 мегаватчаса (MWh) електрична енергија“.
Тие посочуваат дека во Термоелектраните произведени се 7.462 мегаватчаса (MWh), а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.803 мегаватчаса (MWh).
- Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 4.580 мегаватчаса (MWh) електрична енергија - се наведува во соопштението на Владата.
Слично
