Економија, финансии, бизнис

Контакт

Увезени над 3.000 мегаватчаса енергија, поправката на РЕК Битола заврши

Увезени над 3.000 мегаватчаса енергија, поправката на РЕК Битола заврши

АД ЕСМ изминатото деноноќие произведе 6.519 мегават часови електрична енергија, а набави 3.160 мегават часови, соопшти Владата.

Во Термоелектраните се произведени 4.280 мегават часови, а во хидроелелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.239 мегават часови.

Според Владата, податоците се преземени од Диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за 19.11.2022 година. 

Претходно беше посочено дека и Блок 1 во РЕК Битола од изутрината во 08.35 часот е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена.

Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведе 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство.

- Стручните служби и вработените во РЕК Битола кои беа вклучени во зафатот, покажаа исклучителна посветеност и непрестана работа на задачата, со цел и покрај амортизираната опрема и долгиот рок на работа на термоелектраната, за што пократко време да се отстрани застојот и блокот да се врати на мрежа, се наведува во соопштението.

РЕК Битола е во очекување да пристигне и трансформаторот за Блок 3 кој во моментот се превезува од Грција кон граничниот премин Меџитлија.

Слично

Поврзани вести