Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уверенијата на опозициските пратеници ќе им бидат испратени по пошта

Уверенијата на опозициските пратеници ќе им бидат испратени по пошта
Новоизбраните пратеници од опозицијата не се појавија на денешното доделување на уверенијата за пратенички мандат, но уверенијата ќе им бидат испратени по пошта на домашна адреса, изјави заменик-претседателот на ДИК Субхи Јакупи. Јакупи денеска им ги издаде уверенијата на пратениците кои се појавија на официјалната церемонија во ДИК, откако не дојдоа ниту претседателот на Комисијата Никола Рилкоски, ниту членот предложен од СДСМ Виолета Дума. Рилкоски и Дума по телефон известиле дека нема да присуствуваат на доделувањето на уверенијата, а минатата недела не се појавија ниту на доделувањето на уверението за избран шеф на државата за Ѓорге Иванов. ДИК ќе го информира Собранието дека мандатите се врачени, по што до крајот на неделата треба да биде закажана и конститутивна седница на новиот парламентарен состав.
Слично

Поврзани вести