Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утврдено е на кој начин граѓаните ќе можат да работат во земјите од „Отворен Балкан“

Утврдено е на кој начин граѓаните ќе можат да работат во земјите од „Отворен Балкан“

Утврдени се условите за работење на територијата на земјите кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“. 

Владата го утврди текстот на Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, кој има за цел да им овозможи на граѓаните на нашата земја, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање на електронска идентификација „Отворен Балкан“ остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во трите земји.

„На оваа седница е утврден е текстот на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, кој, кога ќе биде ратификуван од Северна Македонија, Албанија и Србија, ќе им овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во секоја од нив“, информираа од Влада.

Иницијативата „Отворен Балкан“ има за цел да го олесни животот на граѓаните преку повеќе поволности. Имаше повик и до другите земји од регионот да се приклучат, но тоа не се случи, а најголем противник на иницијативата е Косово. 

Слично

Поврзани вести