Утрово во Берово измерени -19°С – Какво време не чека неделава?
-19°С покажаа температурите измерени утрово во најисточниот град во земјава, Берово.
Минус 17 степени температурата стига во Лазарополе, додека -12 беа измерени во Крива Паланка.
Во Тетово беа измерени -10°С, Струмица -9°С, Битола -6°С додека во Скопје утринава беше измерена -4°С вредност на температурата. Најтопло, или -2 °С покажа термометарот во Гевгелија.
Неделава ќе биде прилично студена со врдеро небо.
Минимлната температура во поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу -10°С и -14°С, а на повисоките места и до -18°С, додека максимумот ќе остане под 0°С, и низ котлините ќе има вредности претежно во дијапазонот од -4°С и -1°С.
Утре не очекува малку потопло утро во однос на денес со минимална температура која се очекува да биде повисока за 3 степени целзиусови.
Во четврток ќе биде умерено облачно, навечер можност за нови врнежи кои ќе продолжат во ноќта кон петок.
Но во петок не чека повторно разведрување .
Четврток и петок ќе ни донесат минималната температура од -8°С до -3°С, додека максимумот ќе се движи од -2°С до 2°С, при што дневната температура во петок ќе биде постудена.
