УТРИНСКИ ФОКУС: Зошто бизнисот оди добро ако купувачи се дами?
Фокусот на Фактор и ова утро е во економијата. Ги издвојуваме следните вести ...
*Колку потрошија дамите во дрогериите на ДМ во земјава?
-Реномираниот европски бренд на дрогерии „ДМ дрогерие маркт“ лани во своите 16 продавници ширум земјава оствари приходи кои надминаа 11 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на компанијата достапен во базата на ЦРМ. Оваа реномирана компанија своите приходи од продажба во земјава ги зголемила за 2,16 милиони евра односно за 24 отсто во однос на 2017 година кога приходите од продажба изнесувале 9 милиони евра. Овој податок само по себе укажува на тоа колку Македонките сакаат да купуваат во продажната мрежа на ДМ.
*СВЕЖИНА ЗА МАЛИТЕ ФИРМИ: Кредити над милион евра за иновации
Во услови на слаба ликвидност и мал пристап до финансии за мали и средни компании, се отвораат нови можности за финансирање на иновативни проекти за домашните фирми. Банките почнаа да финансираат иновации, а на домашните иновативни фирми им се достапни кредити во вредност и над милион евра. Со парите се финансираат развојни проекти со кои компаниите ќе можат да ја зајакнат својата конкурентност, оти на таков начин обезбедуваат пари за инвестиции во современи технологии, енергетска ефикасност и го зголемуваат квалитет на работењето во концепт кој гарантира развој.
* Што ни направија со казните и глобите: Драстичен раст на неданочните приходи во буџетотНад 53,2 милиони евра собрала државата во првите два месеци годинава како неданочни приходи. Сумата е за дури 48,5 проценти повеќе во однос на јануари и февруари лани. Во неданочни приходи спаѓаат приходите од приофит на јавни институции, но и административните такси и глоби, и концесиите. Ова значи дека годинава за разлика од лани, државата изрекла многу повеќе глоби, наплатиле повеќе од административни такси и казни.
*Oд политички аспект денеска правиме анализа за тоа што направија власта и опозицијата да ги натераат граѓаните да гласаат.
Денес е последниот ден од изборната кампања резервиран за вториот и решавачки круг од претседателските избори по долгата празнична пауза. Партиите немаа многу време да ги убедуваат граѓаните дека токму нивниот кандидат има подобри квалитети од противникот бидејќи одреден период дури и заборавивме дека се одбива кампања и дека не чекаат избори во недела на 5 мај.
Битката со противникот ќе биде подеднакво важна како и битката да се стигне до магичната бројка од над 40% излезност на граѓаните со цел да се исполни цензусот и изборите да бидат целосно успешни.
