Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Стоп за изборните потписи, Заев и Мицкоски на иста маса, Македонецот преферира да плаќа во кеш

УТРИНСКИ ФОКУС: Стоп за изборните потписи, Заев и Мицкоски на иста маса, Македонецот преферира да плаќа во кеш

*И официјално заврши собирањето потписи за претседателските кандидати, на потег сега е ДИК која по пребројувањето на потписите треба да излезе со соопштение за бројката на кандидати кои го исполниле условот.

10 000 и над таа бројка потписи собраа  Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река. 

Покрај нив тројца  Филип Петровски, Димче Петровски, Јосив Мирчевски и Господин Попоски исто така собираа потписи.

Шестите претседателски избори ќе се случат на 21 април - прв круг и 5 мај втор круг.

*Лидерите на двете најголеми партии во државата, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вечерва во 20 часот ќе имаат тет-а-тет средба.

Тие ќе разговараат за изборите но и за реформските закони.

*Невработеноста во пад

Владеачката партија се фали со пад на невработеноста.

Преку соопштение од СДСМ соопштуваат дека невработеноста е намалена под 20 отсто.

Меѓудругото велат дека платите растат, а отворени се нови 26.600 работни места.

*Граѓаните не ја менуваат навиката, се повеќе плаќаат во кеш

Засега граѓаните во земјата уште преферираат да плаќаат во кеш а ги избегнуваат електронските плаќања преку интернет.

Ова станува јасно од статистиката на Народната банка.

Слично

Поврзани вести