УТРИНСКИ ФОКУС: Што ја урна добивката на Стопанска банка Скопје
Една од најуспешните деловни банки во земјава регистрира пад во добивката и покрај тоа што имала најголем профит минатата година.
Стопанска банка Скопје забележала пад во профитот од 6,1 милиони евра споредбено со 2018 а што е причината за овој пад Фактор анализира И падна ли круната на Стопанска банка Скопје?
Оваа вест се најде во утринскиот фокус на Фактор, а акцентот утринава е ставен и на Комерцијална банка.
*
Истражуваме кои се Тројцата банкари поделија 876.400 евра!!!
Врвното раководно трио на „Комерцијална банка“ добило 876.400 евра за плати, плати од деловна успешност, ногодишен надоместок и менаџерско осигурување, а во сумата се вклучени и стручното усовршување и систематските прегледи а деталите може да ги погледнете тука.
*
ГРАВЕ осигурување го купува Еуролинк осигурување на Трифун Костовски. И оваа информација се најде во утринскиот фокус на Фактор а она што го знаеме е дека Агенцијата за супервизија на осигурување му дала дозвола на Граве Осигурување да го купи Еуролинк осигурување. Деталите тука.
*
НА НОВАТА БАРОКНА ЗГРАДА НА НБМ ЌЕ СЕ ЧЕКА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА - ќе биде готова дури во март 2021
Вработените од Народна банка ќе се преселат во новиот барокен објект дури во март 2021 година. Ова следува по бројни доцнења и анекси за продолжување на предвидениот рок за завршување на објектот, што ги барал изведувачот.
*ГРАДОТ НА КОНЗУЛИТЕ „ЗАМИРА“: Битола со најголем негативен природен прираст во земјатаБитола последниве години има низок наталитет, и висок морталитет.
Се „топи“ населението во Битола, ако судиме според статистичките податоци кои ги објавува Државниот завод за статистика.
