УТРИНСКИ ФОКУС: Шамар за „Скопски пазар“, Силк Роуд со двоцифрен раст на добивката
Ова утро во фокусот на Фактор е економијата. Издвојуваме неколку теми ...
*Силк роуд прави постепен продор на пазарот и бележи раст во повеќе сегменти од работењето. Таа банка всушност и во 2017 година, година по промената на сопственикот (Алфа банка ја продаде на Силк роуд), успеа да направи консолидација на позициите и да ја зголеми добивката неколкукратно . Детали читајте овде.
* Економски, минатата година беше година на стабилизација, а БДП порасна за 2,7 проценти на годишно ниво. По политичките турбуленции има најава и за одблокирање на процесите.
Со даночните измени од годинава новина е што не подлежи на оданочување со данок на личен доход уплатената премија за животно осигурување, за вработени лица во висина до две просечни месечни бруто‐плати во Северна Македонија, објаснува во разговор за Фактор, Столе Митревски Извршен директор за продажба од Кроациа осигурување Живот. Целото интервју читајте го ТУКА.
*Катедралата во Париз која вчера ја зафати голем пожар е спасена во голема мера. Зачувани се уметничките дела во истата а како е градена и каква историја има таа може да прочитате на овој линк.
*Агенцијата за електронски комуникации планирала 10 милиони евра како расходи во 2018-та, но потрошила само 284 милиони денари. Тоа е само 47,25 отсто од планираното, а реализацијата била 34,6 отсто помалку во однос на претходната година. За разлика од претходните години кога АЕК имаше избалансирани приходи и расходи, минатата потфрлила на полето на инвестирање и остануваат голем вишок на средства неискористени. Како АЕК потфрли со капиталните инвестиции читајте овде.