УТРИНСКИ ФОКУС: „Реплек“ ќе ги израдува акционерите - Кој сектор губи 100 работници годишно во Македонија
Вести во фокусот на Фактор ова утро ...
*
Како „Реплек“ направи профит од 850.000 евраАкционерите на „Реплек“ имаат „основано сомнение“ и годинава да очекуваат пристоен износ на диведна на нивните банкарски сметки од акциите на „Реплек“. Компанијата за пола година има добивка од 850.000 евра, а особено е значајно тоа што расте во континуитет приходот од продажба на домашниот пазар и во странство
*„Монопол“ во Македонија губи 100 работници годишноАД Македонски пошти како давател на универзална услуга во поштенскиот пазар во Македонија годишно губи по 100 вработени, иако не е децидно наведено за каков кадар станува збор.
Претпријатието кое има ексклузивно право над пратките до 50 грама, се додека не се либерализира целосно пазарот, во 2016 имало 2.343 вработени, една година потоа 2.244, а ланската година ја завршило со 2.141
*Василевски: Потребна е зелена обнова на МакедонијаСтрашните шумски пожари ги привлекоа вниманието на социјалните мрежи, но што може да се преземе за конкретна заштита на шумите, како да се постигне општествена и политичка согласност дека одредена стратегија е неопходна за справување со последиците. Пожарите во Амазон предизвикаа глобален судир на идеологии додека пак пожарите во Македонија повторно ја наметнаа темата за средствата на противпожарната служба како и неопходноста од пошумување. Затоа правиме анализа со Стефан Василевски, управител на Конзервативната.мк
*
Ако нема нов закон, по 15 септември ќе има в.д. специјални обвинители
Ако нема договор меѓу власта и опозицијата и ако не помине Законот за јавно обвинителство со кој се решава и статусот на СЈО во Собрание, можно е на местото на обвинителите да се назначат в.д. обвинители со што се планира да не дојде до укинување на досегашните истраги. Ова е едно од сценаријата на владејачката партија за Законот за кој сега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преку работните групи ги усогласуваат ставовите. За ваков исход брифираа висок извори од СДСМ иако истите велат дека раководството на партијата се надева оти двете партии ќе постигнат договор и Законот ќе помине во регуларна процедура на 10 септември кога е закажана и пленарна седница со ваква точка на дневен ред. Инаку СДСМ без ваков договор засега нема поддршка од две третини од пратениците и од партијата велат дека тешко би се обезбедила.
