Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Поскапени горивата предновогодишно

УТРИНСКИ ФОКУС: Поскапени горивата предновогодишно

Вести во фокусот на Фактор ова утро ..

Веста која го обележа ова вторничко последно утро од 2019та е поскапувањето на цените на нафтените деривати. Регулаторна ги поскапе бензините и дизелот, а по кои цени ќе се точат до 6 јануари прочитајте тука.

*

Во животот бев нечесен само кон себе: Интервју со Игор Џамбазов

Игор Џамбазов е заштитен знак не само на македонското глумиште, туку и човек кој со својот шарм и отвореност успева да го допре срцето и на обичниот човек - од најзафрленото демирхисарско село па се` до поширокиот балкански регион. Со Џамбазов поредновогодишно разговаравме за сите негови животни подеми и падови, за тоа што научил од дедо му Петре Прличко, но и за тоа зошто театарот и жените се уништувачки ама и неопходни


*

Ајдован Адемоски е бизнисмен на годината

Ајдован Адемоски е бизнисмен на годината. Според анкетата која Фактор ја спроведе во изминатите четири дена, Адемоски е најуспешниот во 2019 година...

*

ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ, А ШТО ЌЕ ИЗГУБАТ - какви се економските надежи за 2020 на тие што останаа

Оние што заминаа, веќе наголемо размислуваат како да се покажат во уште подобро светло во некоја од компаниите низ белиот свет, надевајќи се дека така уште повеќе ќе го здебелат банкарското конто на кое ја примаат и онака солидната плата. Малку ги мачи носталгијата и им недостигаат распеаните македонски кафеани, но влогот во добро ситуиран и среден живот, е многу поголем.


Слично

Поврзани вести